Денеска е светски ден на спанковците

Овој необичен ден, се одбележува од 2008. година со цел укажување на важноста на спиењето од аспект на медицината, образованието, социјалниот живот и сигурното возење.

Светскиот ден на спиењето се одбележува секој март, во последниот петок после две полни седмици во месецот.

Овогодинешниот слоган е „When sleep is sound, health and happiness abound“. ( Кога сонот е цврст, здравјето и среќата се наоколу)

Со овој чин, Светскиот сојуз на медицината на сонот, сака да ги намали проблемите на спиењето низ подобра первенција и лечење на пореметувањата како што се поспаност и несоница. Овие проблеми се глобална епидемија која му се заканува на здравјето и квалитетот на живот, тврдат експертите.

Сонот е важен фактор за човековата состојба, а има директно влијание на менталното, физичкото и емоционалното здравје како кај возрасните, така и кај децата. Сонот е потреба и привилегија, но често е загрозен поради навиките на современиот живот.

pospanost-spavanje-stanica-

- Реклама -