Роналдо ќе зажали за оваа реакција! (ВИДЕО)

Гала вечерта во Цирих, каде по трет пат ФИФА го прогласи Кристијано Роналдо за најдобар фудбалер на светот, во конкуренција Лионел Меси и голманот Мануел Нојер, кој од старт никој не му даде шанса, ја одбележаа три сцени кои немаа никаква поврзаност со фудбалот.
Првата, кога Роналдо и Меси беа загледани каде не треба!

View image on Twitter

Втората, кога на бина излезе некој, за кого мнозинството не беа сигурни дали тој беше повикан или се „наметна“ на сцената, па почна да пее (разбираме ако не можете да ја ислушате оваа „песна“).

И третата, кога Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер (кој се сомневаше во тоа?), а тој спонато на сите им викна во лице и на чуден начин ја прослави победата. Само тој знае зошто…

Но, вакви „настапи“ во оваа ера на социјални мрежи, не може да остане без низа испејувања и шеги на интернет. Дали Роналдо повторно ќе „мука“?

Ова е оригналот, а подоле се креативните видеа од хумористичните гледачи.

- Реклама -