Ламбе победи на Скопскиот фестивал 2013

Со песна на Јован Јованов – „Ќе те чекам јас“, поп-пејачот Ламбе Алабаковски стана  победник на најновото издание на „Скопски фестивал 2013“ што се одржа синоќа на сцената во Македонската опера и балет.

Тој заработи 20.000 евра, благодарение на  124 освоени поени од смс гласањето на публиката и гледачите.

На второто место се најде  Тамара Тодевска со песната „Тешко без тебе“  и со освоени  10.000 евра, додека како третопласиран беше битолчанецот Димитар Андоновски кој го отвори фестивалот со баладата „Ако ме боли“.

Собраните средства од продажбата на влезниците и смс-пораките ќе бидат донирани за лекувањето на познатиот музичар Ацо Конга.

Во продолжени погледенете неколку фотографии од атмосферата

1 2 3 4 5 6 7

 

Фото: Плусинфо

- Реклама -