Кортни Лав знае каде е исчезнатиот авион во Малезија?

Исчезнатиот авион од Малезија веќе со денови е главна тема на разговор. Теоријата на заговор ја реши познатата Кортни Лав?

Проблематичната ѕвезда и вдовица на Курт Кобејн, Кортни Лав, на својот Фејсбук профил објавила интересна теорија за исчезнатиот авион во Малезија. Додека целиот свет тим на експерти, ФБИ, полицијата, и сите останати истражувачи се обидуваат да дознаат каде исчезна авионот, а Кортни својата теорија и ја нацртала и објавила на социјалните мрежи.

„Јас не сум експерт, но отприлика ова изгледа како авион и растечно масло. Моите молитви одат кај семејствата… И, изгледа дека авионот бил лоциран само една милја од Палау Перак каде последен пат е виден. Но, што знам јас?“, изјавила Кортни на својот Фејсбук.

courtney-love

Иако Малезија ги отфрли критиките на американските претставници дека владите на другите земји не делат доволно информации во врска со потрагата по авионот кој пред повеќе од една недела исчезна со 239 патници и членови на персоналот, изгледа дека оваа ѕвезда сепак има некои други информации. Или можеби не…

- Реклама -