Физички вежби за парови

Експертите препорачуваат дека физичките активности најдобро се практикуваат во двојки.

Жените кои вежбале со својот партнер изгубиле за третина повеќе килограми.

Имено, партнерите кои тренираат заедно живеат поздраво и не се откажуваат лесно од зацртаните цели. Истражување на Универзитетот Питсбург покажало дека жените кои вежбале со својот партнер изгубиле за третина повеќе килограми, отколку оние кои што вежбале сами.

Кога станува збор за интензитетот, важно е да го слушате телото и да не претерувате доколку тоа ви говори дека не е подготвено за преголеми напори.

ВЕЖБА 1

Мускулите на рацете

Свртете се со партнерот со грб, допирајте се со петите, задникот, рамениците и главата. Спојте ги дланките. Подигнете ги рацете во висина на рамењата и не ги раздвојувајте дланките, а потоа полека спуштајте ги во почетната положба.

ВЕЖБА 2

Истегнување на торзото

Свртете се повторно со грб. Едниот од вас нека ги повлече рацете под лактите на другиот. Полека подигнете го вашиот партнер (како на насловната слика). Кога ќе се вратите во почетната положба променете ги улогите.

ВЕЖБА 3

Стомачни мускули

Лежете на грб на начин што вашите глави се оддалечени 20-30 сантиметри. Испружете ги рацете над главата, фатете се за рацете на партнерот и префрлете ги нозете преку главата. Нозете се испружени. Допрете ги прстите на нозете, задржете се кратко и потоа вратете се во почетната положба.

ВЕЖБА 4

Истегнување на нозете

Седнете на подот свртени еден кон друг, допрете ги стапалата и фатете се за раце. Наизменично движете се напред – назад.

ВЕЖБА 5

Подигнување на нозете

Едниот од вас стои исправено, а другиот лежи на грб, главата му е до стапалата на другиот и се држи за неговите зглобови на нозете. Вежбачот кој лежи ги подигнува нозете во вис. а партнерот ги турка кон напред. Направете 12 – 15 повторувања, а потоа заменете ги улогите.

 

- Реклама -