Зошто мажите се будат со кренат пенис?

Утринската ерекција кај мажите воопшто не е тајна. Но, силни ерекции се случуваат и неколку пати за време на ноќта. Нив мажите обично им ги припишуваат на „влажни сонови“ на кои не се сеќаваат, но сепак, реалноста е малку поинаква.

Оваа појава кај мажите се случува уште од детството, но и малку порано – истото е забележано и кај бебињата уште додека се во мајчината утроба. Токму така, уште од неродени бебиња машкото тело се буди и слично реагира на овие необјасниви надразнувања. И за да биде уште поинтересно, ваквите „непријатности“ се случуваат и кај жените! И тие доживуваат вагинални контракции и клиторални ерекции во текот на ноќта. Па тогаш, што е причината за ова?

Постојат неколку теории околу тоа што навистина се случува во човечкото тело за време на сонот, за да се разбуди спремно за утрински секс. Една од теориите вели дека мозокот, за време на РЕМ фазата од сонот, исклучува одредени станици задолжени за лачење на адреналин. Нивната улога е да ја „смират“ функцијата на пенисот, па логично е што во периодот на нивна неактивност, доминираат мозочните области што лачат тестотерон, па доаѓа до ерекција.

Друга теорија вели дека тоа е нормална телесна реакција со која телото се грижи за здравјето на пенисот. За време на ноќта, ако преку денот не се случиле ерекции, телото ги проширува крвните садови и го зголемува протокот на крв (а со тоа и кислород), со цел да ги нахрани клетките на пенисот со нови залихи на енергија и хранливи материи. Кога тоа не би се случувало, ткивото на пенисот би стареело многу побрзо, а шансите за импотенција значително би се зголемиле. Се разбира, тоа не ви е во интерес ниту вам, ниту на вашето тело.

Можеби најинтересна е теоријата што вели дека ноќните ерекции се одбранбен механизам на телото за да не се „самоизмокри“. Наводно, кога мочниот меур е полн, а вие спиете, за телото е поедноставно да ја крене „рачната“ и механички да го блокира процесот, отколку да целосно да се разбуди. Сепак, телото има и други начини да го спречи мокрењето, а доколку ја прифатиме последнава теорија, останува прашањето: „Зошто истото се случува и кај жените?“.

- Реклама -