Јадеш Милка, ем те плаќаат

Компанијата Mondelez, која е сопственик на чоколадните брендови Cadbury, Milka и Oreo, распиша конкурс за професионален дегустатор на чоколади. Среќникот ќе има задача да гнете чоколади како мало среќно дебело дете и потоа да дава искрени оцени на производот.

Работното време трае 7.5 часа неделно (!), од 12:15 – 14.45 часот, од вторник до четврток, и притоа „Избраниот“ ќе работи со тим од 11 други лица.

„Дегустаторот ќе биде од клучна помош во тоа Mondalez да усоврши и извади на пазарот сосема нов производ, на светско ниво“, стои во конкурсот.

Клучен предуслов за заинтересираните е „да гаат искрена страст кон слатките и да имаат „добро непце“ за вкусови, а притоа да се расположени да пробуваат нови производи. Звучи како сосема обично CV, нели? Искуство не е потребно, ама се бара добро познавање на англиски – зашто вкусови и онака тешко се опишуваат со зборови, а не па на туѓ јазик.

Конкурсот ќе го најдете ТУКА.

- Реклама -