Видео: Вегетаријанка јаде месо прв пат по 22 години

Обично еден вегетаријанец поминува низ повеќе фази: од долги периоди на веганство, па преку гадење од самата помисла на јадење на месо, па до гнев насочен кон другите што јадат месо.

Така, интересно е да се види некој што пробува месо за прв пат, особено по 22 години. Од друга страна можеби и тажно, бидејќи е очигледен камбекот на зависноста од мноштвото вкусови што „ги нема во случај на зеленчукот… никогаш“. Нашава „испитаничка“, на пример, се шегува: „Ќе јадам месо додека да умрам… Што може да се случи и вечерва“.

Секој за себе, но обично дебатата околу месото се одвива околу тоа дека „фармањето“ на животни со единствена цел колење е неетичко. Во меѓувреме, научниците експериментираат (и бележат голем напредок) со одгледување на месо директно од матични клетки, па дури и произведување на месо директно од зеленчук.

На која страна од дебатата и да припаѓате, едно е сигурно: вкусот на месото и вегетаријанската храна е неспоредлив. Или како што вели нашава born again карниворка: „Вау човече, па ова (месово) е на сосема друго ниво!“.

 

- Реклама -