Сокот од портокал е мит

v233691[1]

Штом во реклама ќе се појави појадок, автоматски со него ќе видите и чаша сок од портокал, играјќи на картата дека природните сокови се одличен сојузник на здравјето, заради изобилството од витамини кое го содржат. Проблемот е што не можете да купите вистински сок од портокал. Со анализа на нутритивниот профил, фабрички произведениот сок од портокал е само обично ѓубре, тврди нутриционистката и научничка Алиса Хамилтон.

Канаѓанката е посветен противник на сокот од портокал и тврди дека за здрави ефекти можеме да зборуваме само ако сами го исцедиме. Во својата книга „Исцедено: Сé што не знаете за сокот од портокал“ – издадена под капата на универзитетот Јејл, Хамилтон меѓу другото и ги критикува произведувачите на сок од портокал, кои во рекламите го претставуваат како здрава намирница, иако во ваква форма каков што го знаеме – не е.

Хамилтон порачува дека меѓу чаша сок од (нецеден) портокал и обична чаша вода – подобро е ова второво, бидејќи она првото по својот нутритивен состав е еднакво на било кој друг напиток што содржи голема количина шеќер. Купечкиот сок, без разлика на етикетите со гаранција дека „сокот е потполно природен“, „без додадени шеќери и конзерванси“ или „100% од портокал“, е всушност калориска бомба со многу низок процент на хранливи материи и сомнителна количина на витамин Ц, тврди таа.

Свежиот купечки сок е мит

Не ни може да биде поинаку, со оглед на тоа дека светски примат во производство на (сок од) портокали е далечниот Бразил, и тоа заради евтината работна сила и слабите закони за заштита на животната средина. Долгиот пат кој го поминува до купувачите ширум светот е главната причина за „оплеменувањето“ на сокот со конзерванси кои ја продолжуваат неговата трајност и адитиви кои му даваат свеж вкус. Добар доказ за тоа, истакнува Хамилтон, е што и покрај просечниот рок на траење на сок е 60 дена, сокот од портокал може да стои на полиците во продавниците и по година дена.

Притоа, во текот на пастеризацијата сокот се загрева, од него се извлекува кислородот, а потоа се излива во големи метални котли, каде што му се додаваат разните хемикалии. Таквиот сок е далеку од природен и свежо исцеден – како што го рекламираат, заклучува Хамилтон.

Големата количина на шеќери го „шокира“ организмот

Според нутритивните вредности, 3.5 децилитри купечки сок има:

• 153 калории,
• 34 грама јаглехидрати
• 27 грама шеќер,
• 2.4 грама протеини,
• 0.7 грама влакна

Тоа отприлика е еднакво на количината на јаглехидратите и само три грама шеќер помалку отколку што има во, на пример, ќесичка од популарните бонбони M&Ms…

- Реклама -