Проститутка напишала писмо до сопругите на своите клиенти- Ова треба да го прочита секој!

На неа тоа ѝ е работа, а на нив „издувен вентил“.

Дали е ова само оправдување или рационално објаснување на најстариот занает на светот?

Проститутката од Њујорк под псевдонимот Април Адамс, напишала писмо до сопругите на своите клиенти, поточно сопругите на сите клиенти на проститутко на светот, во кое истакнала дека таа е тајната состојка на многу здрави бракови. Текстот е објавен на американскиот сајт Vice, а читателите се поделени во своите ставови.

Писмото го пренесуваме во целост.

Драга сопруго,

Не те познавам, но знам дека постои можност твојот сопруг да те изневери со проститутка- Тоа го велам бидејќи со тоа се занимавам, а клиентите не ми недостасуваат.

Но не твојот сопруг, ќе речеш, не тој! Другите мажи да, вашата врска и вашиот сексуален живот се сосема друга приказна. Сте имале тројка со твојата циемрка на факултет пред десетина години. Секој август вработувате бебиситерка и одите во Лас Вегас. Имате некоја посебна заедничка работа со маратонските серии. Вие имате фантастичен брак!

Дозволете да ве прашам нешто- кога последен пат сте воделе љубов три пати во една недела? Кога последен пат тој се пожалил за тоа? Зарем не мислиш дека е можно дека наместо тоа, тој го тргнал проблемот од твоите раце и го ставил во моите?

Добрата вест е, ако твојот сопруг се гледа со мене, значи дека твојот сопруг сака да остане во бракот. Се решил за малку возбуда, но на најмалку комплициран начин. Замисли дека наместо мене бебиситерката, сосетката, твојата најдобра пријателка… Би можела да продолжам, но јасно е што сакам да кажам.

Јас сум професионалец. Дискретна сум, но и конкретна: моето време, внимание и сексапилност се мерат во часови надвор од оние во кои е тој само твој. И она што е најважно- јас не го сакам вашиот сопруг ниту пак некогаш ќе го сакам. Доста е неверојатно кон него да чувствувам нешто повеќе од она што го чувствувам кон својата омилена келнерка.

Јас никогаш нема да бидам закана за вашиот брак бидејќи кога не работам не сакам да имам врска ни со едниот од вас. Никогаш нема да одам со него на вечера ниту ќе ви се јавувам сред ноќ и да спомнувам развод. Од мене нема да дознаеш што се случило. А, ако дознаеш од него- или е глупав или е многу лут на тебе.

Да, некои клиенти развиваат некакви чувства, но тие се многу малку, бидејќи тоа што го работам јас- е лажно. Сигурно не мислиш дека водоинсталатерите ги обожаваат тоалетните школки?

Мажите знаат дека мојата желба кон нив во замена на нивната желба е да ми дадат пари. Не гледај на тоа како да гледа ТВ си тебе и децата, а потоа бега во мојата хотелска соба во која со љубов ќе го изговара моето измислено име. Јас сум надвор од животот. Јас сум работник. Колку и да мисли на мене сексуално, неговите емоции нема да бидат присутни во ова што заедно го правиме.

Ако постои потенцијал работите да се искомлицираат од негова страна, секогаш постои безбедносна мрежа- мене мора да ме плати!

Во моето искуство мажите трошат на секс само онолку колку можат да си дозволат. Ако на твојот сопруг ова му е потребно секои две недели и може да издвои 1000 долари месечно од вашиот домашен буџет, тогаш ќе се гледа со некој кој наплаќа онолку колку што наплаќам јас. Ако сака нешто повеќе, а не може да ги најде парите од воздух, таа ситуација ја завршувам со зборовите- „Драги, морам нешто да ти кажам…“

Што и да мислел дека чувствува ќе заборави на тоа за две недели како и било која друга жед.

А што е со болестите? И покрај тоа што го гледаш во филмовите, големиот дел сексуални работници денес се веројантно здрави и сексуално совесни од потенцијаните опасности. Се сеќаваш кога го објаснував лимитот на своите чувства кон него? Тоа подразбира и неговиот епидемиолошки профил. И шансите да останам бремена како резултат на тоа што го работам се апсолутно никакви.

Можеби и понатаму не сакаш тој да спие со мене, па повторно ќе те прашам- кога последен пат сте спиеле три пати во една недела?

Не велам дека е твоја да го направиш среќен. Велам дека ти можеби едноставно не сакаш толку често да спиеш со него. Презафатена си или под притисок или тој повеќе не те привлекува. Те разбирам, мене сигурно не ме привлекува.

Во тоа е работата. Јас сум тајната состојка на многу среќни бракови бидејќи кога тој е со мене и двајцата добивате онолку секс колку што посакувате. Доколку се држиш настрана од неговиот мобилен телефон, имате шанса да достигнете и 50-годишнина од бракот. Нема на што.

- Реклама -