Колку вкупно животни јадеме во текот на животот?

Дури и ако сте љубител на месо и се сметате себе си за окоравен „месождер“, ќе се изненадите од тоа колку всушност животни сте изеле во животот.

Организацијата која се нарекува „Вегетаријански калкулатор“, пресмета дека просечниот човек во денешно време јаде над 7.000 животни во текот на животот (просечниот се смета за 80 години). На животното мени на љубителот на месо се наоѓаат отприлика: 2.400 пилиња, 4.500 риби, 11 крави, 27 свињи, 30 овци и 80 мисирки. Кога ќе се додадат и зајаците, патките, лигњите, раковите и гуските, лесно се надминува бројката од 7.000 животни.

Се разбира, истражувањето е спроведено со цел да се покрене свеста за животните и уништувањето на животната средина. Што се однесува до ова второто, се проценува дека фармите со крави сносат повеќе вина за глобалното загревање дури и од автомобилите.

- Реклама -