„Биди хуман како што беше Србија во 1885 година“

Во холот на зградата на меѓународниот Црвен крст во Женева долго време стоеше табла со натпис „Биди хуман како што беше хумана Србија во 1885 година“. Поставена е во знак на сеќавање на признанието кое оваа организација им го има доделено на српската влада и народ.

Оваа необична приказна започнува со ширењето на Бугарија на Балканот во последните децении од 19 век и како последица објавувањето на вojна од страна на српскиот крал Милан кон Бугарија, по неуспешните дипломатски активности.

Србија во тоа време веќе имала уредени болници, а веќе била основана и организацијата Црвен крст. Бугарија, од друга страна, немала воени санитети. Поради ова, немало кој и немало како paнетите бугарски вojници да бидат однесени од бojното поле за да им биде пружена медицинска нега. Меѓународниот Црвен крст собрал помош од сите краеви на Европа, која требаше да биде испратена во Бугарија.

Меѓутоа, иронично, единствениот пат до Бугарија водел преку Србија.

Тогаш се случило нешто што дотогаш светот го немал видено.

Воената команда на Србија ја прекинала битката на еден еден, ја отворила линијата на фронтот и дозволила медицински транспорт преку својата територија.

Не само тоа: Кон транспортот на меѓународниот Црвен крст додала и лекови, ќебиња и кревети од своите сопствени залихи и на бугарските војници им предала сѐ што било неопходно за отворање на болница.

Таков пример, според српските медиуми, немало пред 1885, а никаде ниту по 1885 година.

Во знак на сеќавање за оваа нeceбична постапка, Меѓународниот Црвен крст на Србија ѝ додели признание за хуманост, а плочата со натпис „Биди хуман како што беше хумана Србија“ до пред неколку години стоеше во зградата на оваа институција во Женева. Таблата оттогаш е отстранета, а според српските медиуми никогаш официјално не била соопштена причината.

- Реклама -