Компјутери препознаваат изрази подобро од луѓето

Дали разликувате помеѓу искрена насмевка и насмевка која прикрива фрустрација? Не секогаш сме свесни за изразите кои ги правиме во одредени ситуации, што ни создава слабост кога работиме со компјутерски програми кои ги разбираат изразите на нашите лица подобро отколку ние.

Есан Хок, студент на Affective Computing Group од MIT, предводел нова студија дизајнирана за подобрување на начинот на кој компјутерите ги препознаваат и разбираат човечките лица. Тимот поставувал доброволци пред вебкамери и барале од нив да глумат разни емоции, од среќа до фрустрации.

Од доброволците потоа било побарано да пополнат онлајн формулар чија цел било создавање на фрустрација (формуларот ги бришел сите податоци при кликнување на “Submit”) а вебкамерата ги снимала нивните изрази. Кога од доброволците било побарано да прикажат фрустрација, 90 проценти не се насмевнале, но соочени со формуларот кој брише податоци 90 проценти од нив прикажале насмевка.

На доброволците им било покажано и видео од среќно бебе за да поттикнат искрени насмевки. Иако на фотографиите тешко се разликувале искрена насмевка и насмевка која прикрива фрустрација истражувачите забележале дека има разлика во тајмингот на насмевките. Искрените насмевки се развиваат постепено додека оние ки прикриваат фрустрација се појавуваат наеднаш и брзо исчезнуваат.

Колку и да е едноставна оваа студија таа создава податоци кои ја подобруваат способноста на компјутерите да читаат емоции. Опремени со овие податоци компјутерите на групата разликувале насмевки подобро од луѓето. Тимот се надева дека повеќе податоци ќе овозможат програмирање на компјутери со повеќе информации за изрази.

Ова би можело да им помогне на луѓето со аутизам или други лица кои имаат потешкотии со препознавање на изрази да препознаваат емоции кои се појавуваат на лицата на нивните соговорници. [Computer program can read human expressions better than humans can]

- Реклама -