595 бил утрово вкупниот број на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 во болниците низ земјава, соопшти Министерството за здравство во рамките на ковид-статистиката за последниве 24 часа. Со тоа, трет ден по ред продолжува да расте рекордната исполнетост во болниците, откако пред два дена за првпат од почетокот на пандемијата имаше над 500 хоспитализирани (538), а вчера таа бројка изнесуваше 575.
Според Министерството, во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 10 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, како и 2 мајки суспектни на ковид-19. Нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
И бројката од 14 починати е највисоката регистрирана по подолго време. Такви бројки за последен пат имавме на 29 јуни (тогаш починаа рекордни 12 лица) и на 2 јули (15 починати, што до овој е највисок број на жртви како последица на вирусот, регистриран во земјава за едно деноноќие).
По денешните 404 новодијагностицирани, вкупниот број на активни случаи во земјата изнесува 7.067. Од нив, 3.388 се во главниот град. Општина Аеродром останува „на врвот“, со 656 активни случаи. Ситуацијата во Скопје изгледа вака:
• Чаир – 167
• Гази Баба – 420
• Аеродром – 656
• Карпош – 522
• Центар – 507
• Кисела Вода – 395
• Ѓорче Петров – 276
• Бутел – 140
• Шуто Оризари – 25
• Студеничани – 7
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 61
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –20
• Зелениково – 8
• Странец – 22
• Нераспределен- 90
На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:
• Скопје 11201, активни 3388
• Куманово 2095, активни 310
• Дебар 319, активни 57
• Штип 1529, активни 190
• Прилеп 1054, активни 302
• Тетово 1897, активни 395
• Струга 771, активни 80
• Велес 488, активни 136
• Битола 525, активни 171
• Охрид 593, активни 159
• Кавадарци 411, активни 158
• Гостивар 1096, активни 140
• Гевгелија 317, активни 169 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 705, активни 419
• Крива Паланка 201, активни 74
• Радовиш 199, активни 74
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 632, активни 210
• Пробиштип 155, активни 25
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 3
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 185, активни 49
• Валандово 92, активни 42
• Виница 162, активни 58
• Делчево 226, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 447, активни 69
• Кичево 475, активни 122
• Ресен 222, активни 53
• Неготино 116, активни 58 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)