Лупевска: Ова првпат го кажувам јавно, Јанева буквално ме избрка зашто ја критикував

По веста дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наредила претрес на колегите од СЈО, со коментар се надоврза и новинарката Снежана Лупевска. Во својот Фејсбук пост, Лупевска раскажува дека Јанева е најдрскиот и најнепрофесионален обвинител што таа го сретнала во својата 25-годишна новинарска кариера, како и дека била избркана од нејзината канцеларија кога тоа ѝ го кажала:

„За карактерот на Катица Јанева: Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга, по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25 годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова прв пат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа, особено меѓу моите колеги“, пишува Лупевска.

- Реклама -