Комичен трејлер за „How I Met Your Mother“

„Деца, дали ви ја имам раскажано приказната за тоа како ја запознав мајка ви?“

Звучи како почеток на една навистина кул и интересна приказна, освен доколку истата не се развлече цели 8 години, и поради која нема да можете да направите ниту пауза за да отидете во тоалет.

Новиот пресмешен трејлер за последната сезона на популарната серија ги прикажува децата на Тед во едно малку поинакво светло, целосно разгневени за тоа што се уште не дознале како тој ја запознал мајка им.

Одговорот на ова клучно прашање ќе биде прикажан во последната сезона од шоуто, чија премиера се очекува на 23 септември. До тогаш, погледнете го духовитиот трејлер.

[youtube]http://youtu.be/GvGINTSU2AI[/youtube]

- Реклама -