Интервју со „Малиот дебелко“

 Се сеќавате ли на „Малиот Дебелко“? Наидовме на интервју од дебелото кинезче, кое постигна светска интернет слава благодарејќи на Фотошоп артистите кои ова момче од 100кг го претворија во поп икона.

 

little-fatty

 

Се сеќавате ли на „Малиот Дебелко“? Наидовме на интервју од дебелото кинезче, кое постигна светска интернет слава благодарејќи на Фотошоп артистите кои ова момче од 100кг го претворија во поп икона.

Се започна неколку години кога Кјан Зијун, кој тогаш имал 16 години, присуствувал на часови за безбедост во сообраќајот. Некој на часот чкрапнал фотка, која подоцна како вирус се рашири на интернет.

 

1

 


Неговиот сомничав страничен изглед наскоро беше измиксан со Мона Лиза, Мерлин Монро и многу други славни личности.

„Ми се допаѓа кога ме ставаат на телата од херои, како Расел Кроу во Гладијатор“ – вели Кјан. „Но, мразам кога ќе ме стават на рамената на некоја гола женска и монтажата е лоша.“

9
11

 


Кјан моментално посетува училиште и работи привремено на бензинска станица(пумпаш!). Тој својата слава ја открил кога влегол во сајбер-кафе и се соочил со себе.

„Малиот Дебелко“ тврди дека ќе направи пари од својата популарност со тоа што евентуално ќе тужи некого, но размислува и за други алтернативи како на пример кариера во шоу бизнисот.

„Би било интересно ако работам како забавувач, но тоа би значело дека ќе треба да се откажам од задоволствата на нормалниот живот.“

Тој не ја отфрла и идејата да работи како ТВ кувар, каде би ги презентирал своите рецепти и љубовта кон кулинарството.

 

12

 


Неговиот официјален вебсајт www.xiaopang.cn, раководен од неговиот пријател Гао Фенг функционира како форум за луѓе кои имаат проблеми со тежината(разни совети, диети и сл).

 

 

Видете ги сите слики од малиот дебелко во оригиналниот напис на 365.com.mk

- Реклама -