8 знаци дека сте посреќни одошто мислите

ЖивотВо принцип, луѓето не се суштества што лесно се задоволуваат. Затоа, без разлика колку и да сме среќни во одреден период, секогаш сме во потрага по некоја друга, поинаква, поголема, подобра среќа, нешто што можеби е само илузија. Овие неколку знаци секогаш се индикатор оти сте посреќни одошто мислите.

Во принцип, луѓето не се суштества што лесно се задоволуваат. Затоа, без разлика колку и да сме среќни во одреден период, секогаш сме во потрага по некоја друга, поинаква, поголема, подобра среќа, нешто што можеби е само илузија. Овие неколку знаци секогаш се индикатор оти сте посреќни одошто мислите.

Среќа1. Сте биле насмеан студент

Според една студија, студентите што на фотографијата на таблото биле насмеани, имаат 5 пати помали шанси да бидат разведени децении подоцна, отколку намќорестите. Позитивниот став на насмеаните луѓе привлекува други среќни личности или пак се одразува позитивно и на партнерот.

2. Имате сестра

Луѓето што имаат барем една сестра во просек се пооптимистички настроени и подобро се снаоѓаат во животот од оние што немаат ниту една, зашто очигледно, сестрите ја поттикнуваат комуникацијата и кохезијата во семејствата.

3. Не сте залепени за телевизорот

Најсреќните луѓе поминуваат 30% помалку време пред екраните од просечниот гледач, вели една студија од Универзитетот Мериленд, направена според податоци од 34 години и со 45 илјади испитаници. Тоа време, тие го користат за читање, социјализација или пак религиски церемноии – активности што се поврзуваат со подобреното расположение и здравје.

4. Чувате сувенири на видливи места

Луѓето што чуваат сувенири и фотографии на видливи места се посреќни од останатите. Тие им служат како потсетници на посреќните периоди и им укажуваат дека повторно можат да го достигнат истото ниво.

5. Вежбањето ви е приоритет

Една данска студија вели оти луѓето што редовно вежбаат имаат најмали нивоа на стрес и се позадоволни од животот. Во споредба со оние што не вежбаат, луѓето што трчаат имаат 70% помали шанси за зголемен стрес и незадоволство од животот. Залежаните луѓе, кои ќе почнат со умерено вежбање, помеѓу 17 и 34 минути дневно, ќе почувствуваат најголема разлика во расположението.

6. Имате здрав љубовен живот

Физичката интимност е многу важен дел од среќата. Во текот на студијата на Универзитетот Ворвик, луѓето што биле во брак пријавиле дека имаат 30% повеќе секс отколку тие што биле сингл, што можеби е причина зошто се исто толку посреќни од нив.

7. Се дружите со среќни луѓе

Дружбата со весели луѓе ги зголемува шансите да бидете среќни. Најважно од сѐ е колку често се гледате. Доколку вашиот пријател живее во радиус од 1 километар, шансите да станете среќни по пат на „осмоза“ се зголемуваат за 42%. Ако живее малку подалеку, во радиус од 3 километри, тогаш шансите паѓаат на 22% итн.

8. Имате двајца најдобри пријатели

Од 654 луѓе во брак, оние кои рекле дека имаат најмалку двајца најдобри пријатели (од кои едниот не мора да биде брачниот партнер), имале поголема шанса да имаат ментална благосостојба. Сепак, дополнителните пријатели (по двајцата) не воделе кон зголемена среќа.

- Реклама -