Оживејте ги аниме фантазиите со Power Jacket MK3

Знам што си помисливте. Овој огромен exoskeleton со сигурност е нешто што е излезено од некаква аниме фантазија. Но, не мои драги, ова е вистинскиот, реалниот живот.

20130710_095951_560

Power Jacket MK3 е всушност новиот роботски егзоскелет, создаден од Sagawa Electronics. Рамката која е висока 7 стапки и 4 инча е направена од комбинација од алуминиум и карбонски (јаглеродни) влакна, кои ја одржуваат нејзината тежина до 25 килограми.

Pg0iaIC

Опремен е и со 14 сервомотори кои дозволуваат подигање и до 15 килограми, а кога не демонстрира некаква воодушевувачка сила, рацете на овој робот се толку нежни што можат да кренат и несварено јајце без да го скршат! Power Jacket MK3- како што се вели во самата реклама направен е да ги разубави сите средношколки и да ги заштити домаќинките- нудејќи им помош секојпат кога ќе треба да се отвори теглата со краставички или да се сече сирова риба. Ама, прави и многу повеќе од тоа, а за $123,000 подобро би му било да прави повеќе.

power-jacket

[youtube]http://youtu.be/beKkf8Oo0GU[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk.

- Реклама -