Nokia Х7 (видео)

Нокиа Х7Нокиа ќе го замени моделот Х6 кој е веќе застарен со новиот Х7. Новиот модел ќе има четири звучници, камера од 8 мегапиксели и поголем екран од неговите претходници. Овие спецификации навестуваат дека новиот модел ќе биде забавна направа која ќе го претвори слушањето музика и правењето фотографии во интересно искуство.

Што се однесува до дизајнот, од Нокиа ги замениле големите димензии на X6 моделот. Новата направа, како што може да се види на видеото, има добиено повеќе агли кои совршено се совпаѓаат со екранот од четири инчи. Поголемиот екран и повеќето звучници значат дека овој телефон има голем потенцијал да биде идеален за љубителите на музика, и за оние кои бараат телефон со импресивна камера.

{youtube}K9wxRh6FbDA{/youtube}

- Реклама -