10 најдобри македонски Android апликации

гаџети Со завршницата на VIP предизвикот и прогласувањето на победниците, видовме неколку интересни македонски апликации за Android оперативниот систем одобрени од Google Market. Со појавата на мноштво програмери за мобилни апликации на овој натпревар, можеме да се надеваме на уште многу одлични локални апликации, кои би можеле да се појават по натпреварот на One.


Со завршницата на VIP предизвикот и прогласувањето на победниците, видовме неколку интересни македонски апликации за Android оперативниот систем одобрени од Google Market. Со појавата на мноштво програмери за мобилни апликации на овој натпревар, можеме да се надеваме на уште многу одлични локални апликации, кои би можеле да се појават по натпреварот на One.

Наградите за програмерите се големи, па затоа тие се мотивирани да направат победничка апликација за сите нас. По неколку дена тестирање и поигрување со апликациите кои влегоа во потесниот избор, ви ги претставуваме десетте најдобри македонски Android апликации.

За да ги инсталирате, побарајте ги во маркетот по име или пак пројдете над кодот од апликацијата со Barcode Scanner.

Поправи МК

Победник на VIP предизвикот како најдобра македонска апликација. Со Поправи МК ќе можете да пpидонесете на општеството со лоцирање на проблеми во јавните области низ Македонија. Можете да го сликате проблемот (како дупка во патот, ѓубре, уништени сообраќајни знаци) и да ја испратите сликата на разгледување од надлежните лица, кои ќе одлучат за понатамошната интервенција.

popravi


popravis

SpotMe

Оваа апликација е можеби најпопуларна кај нас затоа што се користи во секојдневието. Работи на принцип на Google Places, само што е конкретно за места во Македонија. Преку GPS ве лоцира каде се наоѓате и ви ги дава најблиските места за посета (кафе-бар, кафеана, ресторан или дискотека). Имате можност да оставите коментар со ваше мислење за локалот, како и chat соба за да правите муабет со другите корисници. Добитник на второто место на VIP предизвикот.

spotme


spotmes

Macedonian Keyboard

Самото име кажува сè. Кирилична тастатура за вашиот Android која можете да ја вклучите и користите во секое текст поле.
makkeyboard

makkeyboards

MyBank Macedonia

Идеална апликација за секој што користи кредитни картички. Оваа апликација, со помош на Google maps, ве лоцира преку GPS и ги дава најблиските банкомати, издвоени по банки. Сега ќе знаете каде најблиску да извадите пари, без да потрошите драгоцено време.

mybank
mybanks

Skopje Taximeter

Skopje Taximeter ја пресметува вистинската цена на вашето патување со такси во реално време преку GPS. Можете сами да внесете тарифа и цена. Иако има иницијални тарифи за Скопје, со слободата за менување на тарифа, можете да ја искористите и во други градови.

sktaxi
sktaxis

Avtobusi Skopje

Најкорисна апликација ако редовно го користите јавниот скопски превоз. Ги има сите автобуски линии (градски и приградски) и можност да ја изберете вашата крајна дестинација, со што ја оставате апликацијата да ви го покаже најбрзиот можен пат со време на поаѓање и пристигнување.

avtobusi
avtobusis

ILoveMK

Оваа апликација е за луѓето што сакаат да ја истражуваат Македонија со детални информации за сите градови, планини, реки итн. Има вградена мапа како и можност да се поврзете со вашиот Facebook профил.

lovemk
lovemks

SMS Park

Апликација за праќање СМС пораки за наплата на паркинг во Скопје. Нов и иновативен начин за наплата без чекање на ред за билет.
smspark
smsparks

Zone Parking Skopje

Слична на претходната апликација, Zone Parking Skopje дозволува автоматско плаќање по локација преку GPS. Има статистика, време, лимит и работи дури и по исклучување на вашиот телефон.

zonepark

zoneparks

Дискотеки

Со оваа апликација можете да ги следите ноќните излегувања на вашите Facebook пријатели. Ги има сите локали со вашата локација на мапа и истите се прикажани како листа. Можете и да избирате места за посета.

diskoteki

- Реклама -