10 причини зошто iPhone 4 е лоша идеја

steve_jobs_iphoneВо понеделникот бевме сведоци на спектакл за уште еден продукт на Apple. Стив Џобс го прикажа најновиот iPhone 4 смартфон со идеја да го замени 3GS моделот кој моментално е на пазарот. Сепак, ви презентираме десет причини зошто купувањето на iPhone 4 и не е баш толку добра идеја.

steve_jobs_iphoneВо понеделникот бевме сведоци на спектакл за уште еден продукт на Apple. Стив Џобс го прикажа најновиот iPhone 4 смартфон со идеја да го замени 3GS моделот кој моментално е на пазарот. Сепак, ви презентираме десет причини зошто купувањето на iPhone 4 и не е баш толку добра идеја.

1. Поголемиот дел од проблемите сè уште не се поправени. Останувате зависни од одлуката на Стив Џобс околу тоа што ќе даунлоадирате а што не. Откако Џобс мисли дека Adobe Flash не чини и не дозволува негова инсталација на уредите на Apple, не може да видите половина од она што е на интернет.

2. Името посочува на телефон од четврта генерација, а всушност тоа е сè уште 3G и не може да ги користи 4G стандардите за широкопојасен интернет.

3. iPhone 4 изгледа дека има проблеми со WiFi. Apple историски лошо ги проектира своите WiFi продукти. Многу од нивните маани се поврзани со Airport. Кога Џобс се обиде да го прикаже телефонот во понеделникот, WiFi-то не работеше. Џобс тврдеше дека тоа е поради многуте луѓе кои користат WiFi во конференцискиот центар, па ќе поверуваме. iPhone e обложен со не’рѓосувачки челик за да ја подобри WiFi рецепцијата, но сепак ни тоа не функционира баш најдобро.
{youtube}znxQOPFg2mo{/youtube}

Facetime

4. iPhone 4 го продава програмот за видео повици наречен FaceTime. Меѓутоа, ова е лимитирано на WiFi мрежи засега, што значи дека мора да имате пристап до безжична мрежа, а тоа го ограничува вашето движење. Конференциски видео повик може да воспоставите само со други iPhone 4 корисници.

5. Иако е тенок, iPhone 4 сè уште ја има формата која го прави лизгав додека го држите в раце. Ова најверојатно значи дека ќе треба да купите дополнителна покривка или маска.

6. Цената на 16GB верзија во Америка преку AT&T е $199, додека телефонот со 32GB изнесува $299. Месечните трошоци на договорите се поголеми од оние на останатите смарт-телефони затоа што операторите ненормално многу го субвенционираат Apple за уредот. Покрај тоа, Apple дополнително бара дел, за кој се верува дека може да достигне до 30% од месечните трошоци на корисникот, што дополнително ја зголемува сумата.

7. Според претходните прес објави на Apple, лансирањето на сите телефони досега од генерацијата на iPhone беше во рок од една година, па може да кажеме дека и овој модел ќе биде заменет со друг следниот јуни, иако договорите со мобилните оператори се потпишуваат на две години. За потсетување, првиот модел на iPhone излезе на 29 јуни 2007, 3G моделот на 11 јули 2008, 3GS моделот на 19 јуни 2009, а iPhone 4 е планиран за 24 јуни 2010.

iphone4

8. Телефоните со Android можат да понудат многу повеќе за помала цена, без цензурите на Apple.

9. iPhone 4 е составуван од кинески работници кои работат во 12-часовни смени и услови кои доведоа до серија самоубиства.

10. Користи Bing (во демото) наместо Google за пребарување на интернет.

[Ten reasons why an Iphone 4 is a bad idea]
[iPhone 4: Three Big Cons Beneath Sleek Design]
[Reasons Why You Shouldn’t Buy the iPhone 4]
[Apple.com/iPhone]

Последен пат ажурирано: Сабота, 12 Јуни, 2010 16:31

- Реклама -