Продолжете го животниот век на батериите од вашите гаџети

ЗипоКако и сѐ останато, така и батериите во вашите гаџети, со текот на времето и употребата, губат дел од моќноста, а по некое време и откажуваат. Еве неколку совети како да го продолжите нивниот животен век.

Како и сѐ останато, така и батериите во вашите гаџети, со текот на времето и употребата, губат дел од моќноста, а по некое време и откажуваат. Еве неколку совети како да го продолжите нивниот животен век.

ЗипоЗаштитете ги од големи жештини

Никогаш не ги оставајте телефоните, лаптопите или кои било други гаџети во кола на жежок ден. Не само што некој може да ви го скрши стаклото во обид да ги украде, туку и жештината може да ви ја уништи батеријата. Доколку апсолутно морате да ги оставите, не го правете на местата изложени на сонце, туку онаму каде што е најстудено – во фиоката, под седиштето и сл.

Заштитете ги од студенило

Доколку гаџетот бил изложен на многу студено време, пред да го вклучите, адаптирајте го на собна температура.

Не треба да ги празните батериите до крај, за да траат подолго

Она што важеше за поранешните батерии, не важи за денешните литиумски батерии. Некои сѐ уште го препорачуваат ова, но тоа ќе ви помогне само околу фактот колку преостаната енергија гаџетот покажува.

Исклучете го телефонот од полнач, кога батеријата ќе се наполни до крај

Ова од една страна ви заштедува на сметката за струја, а од друга страна ја заштитува батеријата и го продолжува нејзиниот животен век.

Не ги вадете батериите од лаптопот

Некои веб сајтови, како и некои дилери, препорачуваат кога работите на лаптопот вклучен во штекер да ги извадите батериите однадвор, што значително ќе ги зачува. Погрешно! Покрај тоа што постои опасност да ги оштетите повеќе со вадењето, нема никаква логика во вадењето на батериите, со оглед на тоа што внатрешниот процесор го менаџира полнењето и ги исклучува батериите во истиот момент кога тие ќе се наполнат. [How to make your electronics batteries last longer]

- Реклама -