Книга: Бруклински будалаштини

bruklinski_naslovna.jpgКако што судбината си поигрува со неговите неодоливи карактери, Остер, како магионичар, ја воспева  природата, музицира за неверојатните љубовни врски и смешните разговори, и размислува за толку екстремни искуства како што се животот во порнографијата и бракот со тирански верски фанатик… Ова продолжување на неговиот се пообемен циклус на љубовни песни за Бруклин е неговото најприземјено, најсензуално и општествено  најсвесно дело досега.

bruklinski_korica.jpgКако што судбината си поигрува со неговите неодоливи карактери, Остер, како магионичар, ја воспева  природата, музицира за неверојатните љубовни врски и смешните разговори, и размислува за толку екстремни искуства како што се животот во порнографијата и бракот со тирански верски фанатик… Ова продолжување на неговиот се пообемен циклус на љубовни песни за Бруклин е неговото најприземјено, најсензуално и општествено  најсвесно дело досега.

Бруклински будалаштини изобилува со настани како што изобилува и со ликови. Иако го споделува универзумот на случајни средби со останатите дела на Остер, дружељубивиот, отворен глас на Нејтан Глас го прави овој роман особено задоволство. Верувањето во среќа е можеби уште една од бруклинските будалаштини, но пријатните приказни на Нејтан се ефикасен мотор за joie de vivre. Наместо да умре, нараторот оживува цела екипа весели Бруклинци.
Се што умее Остер како раскажувач, и поради што стекна светска слава, се наоѓа во ова дело. Свежината ја внесуваат околностите во коишто настанува делото, време кое писателот го остава зад себе, но и влијанието на новите генерации, кои – според вкусот на писателот – го распарчуваат животот со жестина којашто тој не ја заслужува. Сепак, ова е првото дело на Пол Остер во кое атмосферата со нихилистички поглед кон светот и песимизмот се ставени во втор план. Се додека не ја завртите последната страница.

Карактерите сјаат, анегдотите светкаат, дијалогот остроумно дрдори, приказната јури со старомодната сила на светлозелениот олдсмобил катлас на Нејтан.
– Seattle Weekly

Добитници на книгата Кога Ниче плачеше се:

 

– Елена Јанкуловска
– Бојан Бошкоски
– Деан Ивановски

 

- Реклама -