Од спајалица до куќа

paperclip-house06070726-годишното момче од Монтреал изгледа успеа во неговата намера да размени една обична црвена спајалица за куќа. За 1 година Кајл Мекдоналд направи 14 размени и му беше понудена куќа во градот Киплинг како размена за платена улога во филм. Мекдоналд го започна своето патешествие минатото лето кога одлучи дека сака да живее во куќа.

Немаше работа, па секој пат кога ќе седнеше пред компјутер ја гледаше онаа иста црвена спајалица на неговото биро, која одлучи да ја размени на интернет.
Доби одговор моментално, од две жени во Ванкувер кои сакаа да ја заменат за пенкало што личи на риба. Тој потоа пенкалото го замени за рачно изработена квака, за неа да ја замени со камперски шпорет. Шпоретот го замени со војник од армијата на САД за 100 ватен генератор. Генераторот го замени за специјален кег за пиво и илуминиран уличен знак за пиво. Кегот и пивото ги замени со снежна кугла. По настапот со Алис Купер во една ТВ серија, доби платена улога во филм на Корбин Бернсен наречен Donna on Demand.

Се прашувате зошто еден режисер би понудил улога во филм за снежна кугла? Затоа што Корбин е еден од поголемите колекционери на кугли од овој тип.

И сега, конечно градот Киплинг со популација од 1100 жители му понуди куќа во замена за улогата во филмот. Подоцна градот ќе спроведе аудиција за да ја додели улогата на својот најталентиран граѓанин.

Мекдоналд изјави дека ова не е крајот и дека патот до целта бил многу поинтересен од самата замисла.

„Ова не е крајот. Ова е можеби крајот на еден сегмент од приказната, но оваа приказна ќе продолжи дефинитивно.“

macdonald-cooper060707
  Мекдоналд со Алис Купер

- Реклама -