Нов трејлер за Штрумфови

Во продукција на Sony Pictures Animation денеска беше објавен  новиот трејлер за продолжението на анимираниот хит од 2011 година – The Smurfs. 

Во филмот кој ќе се појави премиерно на големите платна на 31-ви јули,  приказната почнува со Штрумфовите кои  морааат да се обединат со цел да ја спасат Штрумфета, која е киндапирана од злобниот Гаргамел. Тој сака да ја искористи нејзината магија, со цел да оствари свои големи злобни цели.

Како режисер на вториот дел, повторно се појавува Раџа Госнел, додека сценариото го напишаа Дејвид Рон, Кери Кикпатрик и Џеј Шерик. Гласовите ги позајмуваат Нил Патрик Харис, Софија Вергара, Кристина Ричи, Антон Јелчин и Алан Каминг, додека Гаргамел го глуми актерот Хенк Азариа.

 

- Реклама -