Осумте лаги на мајка ми

Мојата мајка не ми ја збореше вистината секогаш. Ме излажа осум пати, и тоа во важни моменти во животот.

Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум во сиромашно семејство како син единец. Многу често немавме доволно за јадење, а кога ќе имавме нешто повеќе, мајка ми секогаш ќе го претуреше вишокот кај мене во чинија, со зборовите “Јади сине, јас не сум гладна”

Тоа беше нејзината прва лага.

Кога малку пораснав, мајка ми по крајот на работното време ќе отидеше до блиската река да се обиде да улови некоја риба, за јас да се хранам здраво како другите деца. Еден ден улови две риби. Со итање се врати дома, ги зготви набрзина и двете ми ги стави во чинијата. Јас јадев пополека, а мајка ми ги дојадуваше остатоците од коските. Срцето ми затрепери и едната риба ја ставив во нејзината чинија, но таа веднаш ми ја врати со зборовите “Сине изедија и другава риба, знаеш дека јас не јадам риба”

Тоа беше нејзината втора лага.

Дојде време да тргнам во школо. Но немавме доволно пари за учебници, па мајка ми се договорила со локалниот продавач на облека, да ја нуди неговата облека од врата на врата во богатото маало. Една ноќ, додека она продаваше, се припремаше големо невреме. Јас го земав чадорот и истрчав надвор за да ја приберам. Почна да врне. Трчав по сокаците горе доле и на крај ја најдов како разговара на вратата од една голема и убава куќа. Културно се приближив и и реков “Мамо, ајде дојди да си одиме дома. Се спрема невреме, а немаш чадор”. Таа само се насмевна и ми рече “Имам синко чадор во торбава, оди ти, јас бргу ќе се вратам”.

Тоа беше нејзината трета лага.

Дојде време да полагам испити за во средно училиште. Јас бев малку уплашен, па мајка ми дојде со мене да ми прави друштво. Беше Јуни и толку беше жешко што и кучињата бараа сенка. Влегов во училиштето да ги полагам испитите, а мајка ми ме чекаше во дворот. Кога ги завршив, пресреќен истрчав надвор. Мајка ми ме прегрна среќна зошто јас бев среќен и ми подаде ладен сок. Уффф колку добро ми дојде кога се напив, но тогаш забележав како целото чело и беше црвено и полно со капки пот. “На мамо, напиј се и ти” а таа набрзина го избриша челото и ми спомна “Фала синко, не сум жедна. Од нервоза како ќе поминеш на испитите ми е потта”

Тоа беше нејзината четврта лага

Почина татко ми. Ситуацијата дома ни стана уште потешка. Сите одговорности ги превзема мајка ми и на моменти премногу и беше. Чичко ми, инаку многу добар човек, живееше блиску до нас. Кога ќе можеше, поминуваше и и помагаше на мајка ми со сите машки работи во куќата. Не помина многу време од смртта на татко ми, комшиите и спомнаа на мајка ми за некој вдовец од другиот град, кој бил многу добар и богат и барал жена да се ожени по втор пат. Мајка ми долго време ги игнорираше тие муабети, се додека јас не и го спомнав истото. Тогаш ме погледна ладно и проговоре отсечно “Синко, јас немам потреба од таква љубов”

Тоа беше нејзината петта лага

Откако завршив факултет, многу брзо најдов добро платена работа во една престижна фирма, па одлучив да ја превземам одговорноста околу куќата. Здравјето на мајка ми и беше слабо, не продаваше повеќе алишта по куќи, туку еднаш во неделата закупуваше една тезга и го продаваше зеленчукот што го одгледуваше во дворот. Кога ја земав првата плата, ја седнав мајка ми на ручек и ги ставив парите на маса, милно ме погледна и прошепоти “Чувај си ги парите за тебе синко, јас имам доволно”

Тоа беше нејзината шеста лага

Продолжив со усовршувањето на мојата струка и набргу магистрирав. Еден ден ми дојде препорачано писмо на врата. Изненаден го отворив и прочитав дека ми нудат работа во Германија за голема компанија. Бев пресреќен, конечно можев да сонувам за подобар стандард на живот. Одма ја прифатив работата и откако го средив животот таму ја викнав мајка ми да ми се придружи во Германија. Она несакаше да ми смета во секојдневниот живот и ми рече “Неможам синко, не сум јас навиканата на лежерен живот”.

Тоа беше нејзината седма лага

Како што поминуваше времето, мајка ми стануваше се постара и заболе од карцином. Во тие тешки моменти, морав да бидам крај неа. Ми требаше малку време додека добијам одмор од работа, но кога го добив, одма заминав. Ја затекнав во постела како лежи. Кога ме виде се обиде да се насмее. Срце ми се кинеше, кога ја видов колку беше исцрпена и слаба. Тоа не беше мојата мајка на која се сеќавам. Солзи течеа по мојте образи, а она и тогаш сакаше да ме утеши со зборовите “Синко, не плачи, јас не осеќам болка”

Тоа беше нејзината осма лага

Откако го изусти тоа, ги затвори очите и не ги отвори повеќе.
Секој кој го ужива благодетот на живи родители би им препорачал: Цени го овој благодет пред да го загубиш.

Секој што ја изгубил својата сакана мајка, би им порачал: Секогаш присети се…

- Реклама -