Дремката после јадење значи дијабетис во најава

Прошетката од 15 минути после секое јадење го регулира шеќерот во крвта, соопштија научниците од американскиот универзитет “Џорџ Вашингтон”. Зголеменото ниво на шеќерот после секој оброк, го зголемува ризикот од дијабетис тип 2, па дремката после оброк е најлошото нешто што може да го направите, истакнуваат научниците.
Тие нагласуваат дека било каков облик на рекреација после оброкот ќе ја заврши работата.

Зголеменото ниво на шеќер после секој оброк е клучниот фактор на пореметувањето на толеранцијата на глукозата, која е вовед во дијабетис тип 2, и на кардиоваскуларните болести.

Посебно се нагласува дека физичката активност после секој оброк, е посебно корисна за постарите личности, поради тоа што кај нив многу поспоро се лачи инсулинот од панкреасот. Треба да се обрне внимание кој оброк ни е најобилен во денот и после него обавезно да практикуваме било каква физичка активност.

При истражувањето се утврдило дека трипати дневно по 15 минути пешачење го постигнува истиот ефект како долга прошетка од 45 минути после главниот оброк.

- Реклама -