Подобро се однесуваме кога некој нè гледа

надгледувањеНаучниците велат дека луѓето се однесуваат покултурно кога некој ги надгледува. И не мора да биде вистинска личност, дури и фотографија на очи го има истиот ефект.

За да дојдат до овој заклучок, научниците во кафитерија поставиле два постери кои им велат на луѓето да не оставаат неред. На едниот постер имало фотографија од цвеќе, а на другиот очи. Тимот од Универзитетот на Њукасл потоа го набљудувал однесувањето на луѓето и го забележувале ефектот на секој постер. Тие откриле дека присуството на очи била причина двојно повеќе луѓе да го зачистат сопствениот неред отколку цвеќето.

Предводникот на истражувањето, доктор Бејтсон, вели: „Овие резултати го потврдуваат заклучокот од претходните истражувања, дека присуството на фотографии потикнуваат соработка. Мислиме дека фотографиите кај луѓето создаваат чувство дека се надгледувани. Нас луѓето ни е важно што останатите луѓе мислат за нас, па затоа се однесуваме подобро кога мислиме дека некој не гледа. Откривме дека овој ефект е посилен во оние моменти кога кафитеријата е празна и тивка.“

„Оваа студија има импликации во борбата против анти-социјалното однесување. На пример, ако знаците за безбедносни камери имаат слики од очи наместо камери, тие ќе бидат поефикасни.“ Студијата е базирана на теорија дека луѓето можеби ќе се однесуваат подобро ако им е посочена најдобрата опција, но сите опции им се оставени на располагање, па лицето не е присилено да избира. Во основа лицето се „поттурнува“ кон правилниот избор.

Доктор Бејтсон додал: „Оваа студија потврдува дека фотографиите на очи имаат голем потенцијал за „поттурнување“, не само зашто привлекуваат внимание, туку поради основната поврзаност помеѓу чувството дека некој нè надгледува и соработката. Дури и цртањето пар очи на ѕид може да биде ефективно во спречување на анти-социјално однесување во тивки локации.“ [Newcastle University]

- Реклама -