7 необични праисториски животни

необични животниДенес на планетава има голем број на чудни животни. Но многу малку луѓе знаат за некои од чудните животни кои живееле во праисторијата. Еве неколку необични животни, диносауруси, рептили, риби па и цицачи. Единствениот наш контакт со овие чудни животни е преку нивните фосили.

Деинотериум

необични животниОвие животни, кои спаѓаат во истата фамилија со модерните слонови, не се необични по тоа што биле огромни, туку поради двата заби кои излегувале од нивната долна вилица. Научниците мислат дека овие заби биле наменети за раскопување на земјата во потрага по корења за храна. Деинотериумот исто така имал релативно куса сурла, со оглед на тоа што биле високи од 3,5 до 4,5 метри, и се едни од најмасовните копнени цицачи кои живееле на планетава.

Епидексиптерикс

необични животниОвие диносауруси кои изгледаат како птици откриваат многу за еволутивната историја на птиците. Тие немале пердуви за летање, но имале четири долги пердуви на опашката. Овие мали диносауруси живееле пред 152 до 168 милиони години на територијата на Кина, и се доказ дека пердувите се појавиле неколку милиони години порано од летот. Исто така, овие се едни од најмалите диносауруси, возрасните единки достигнувале висина од околу 25 сентиметри, или малку поголеми од гулаб.

Епидендросаурус

необични животниИ овој диносаурус потекнува од истата фамилија како и Епидексиптериксот. Во моментов ова е најстариот познат примерок на диносаурус кој се адаптирал за живот во гранките на дрвјата, важен чекор напред во еволуцијата на птиците. Најчудниот дел од овој диносаурус е долгиот трет прст кој е двапати подолг од останатите два. Функцијата на овој прст најверојатно била копање во потрага по инсекти.

Танистрофеус

необични животниАко некој спомне рептил со долг врат повеќето луѓе помислуваат на сауроподите или плесиосаурусот. Овој рептил не припаѓа на ниту еден од овие видови. Овој рептил бил долг околу 6 метри од кои 3 метри биле врат. Сите докази налагаат дека се работело за рептил кој се хранел со риби. Рептилите најверојатно лежеле на плажа, и со помош на своите долги вратови ловеле риби. Исто така научниците претпоставуваат дека диносаурусот можел и да плива ако морал.

Шаровиптерикс

необични животниОвој диносаурус не летал, туку лебдел, скокајќи од високи гранки и користејќи ги своите крила за да покрие големи растојанија. Шаровиптериксот е необичен по тоа што неговите задни нозе се крила, додека предните нозе се мали крила кои најверојатно служеле за одржување рамнотежа.

Дунклеостеус

необични животниЕдно од најстрашните суштества кои имаат живеено во океанот. Оваа риба можела да достигне должина и до 10 метри, имала оклопно лице, и најверојатно поседувала една од најсилните вилици во историјата. Рибата имала вилица која повеќе наликува на клун, и била една од најголемите во групата Плакодерми, оклопни риби кои денес се изумрени.

Стетакантус

необични животниАјкулите имаат преживеано над 400 милиони години. Иако тие останале релативно непроменети низ еволуцијата, можат да се најдат и неколку чудни верзии. Оваа ајкула имала грбна перка во форма на наковална, на која имало мали игли. Таа исто така имала и чуден израсток на главата. Перката најверојатно се користела за додворување, но можеби била употребувана и за одбрана.

- Реклама -