Пресушено езеро откриено од вселената

Египетско езероАмерикански истражувачи велат дека откриле остатоци од огромно езеро во Египет. Oва откритие на езеро старо повеќе од 100000 години било потврдено од фотографии направени од орбитата.

Езерото, кое било поголемо од езерото Ири, посотело неколку километри западно од сегашниот тек на реката Нил. Според истражувачите, од неговото прво формирање, пред околу 250000 години, езерото растело и се смалувало неколку пати пред целосно да пресуши пред околу 80000 години. Со оваа информација за локацијата на езерото, археолозите можат полесно да ја разберат средината низ која поминал Хомо Сапиенс за време на миграцијата надвор од Африка.

„Одеднаш сфаќате дека додека луѓето лутале по светот, овде имало огромно езеро“ вели Тед Максвел, геолог од Музејот на Воздухопловство и Вселена Смитсониан во Вашингтон. Пустинските ветрови ја еродирале а песокот го закопал поголемиот дел од околината на езерото, но планираното истражување на локацијата ќе го анализира езерскиот брег кој е јасно видлив на радар.

Денес египќаните зависат комплетно од Нил и неговите поплави за вода. Праисториското езеро навестува дека ваквите поплави се случувале дури и пред четврт милион години. [Ancient Egyptian lake discovered from space]

- Реклама -