Леќата извор на витамини и минерали

Леќата е одличен извор на тиамин, витамин Б6, фосфор, магнезиум, на железо и цинка добар извор е на рибофлавин и на ниацин. Не содржи заситени маснотии ниту штетен холестерол а е извонреден извор на растителни влакна. Леќата се одледувала уште во младо камено време,а се претпостаува дека потекнува од Југозападна Азија од каде што преку Средоземното море се проширила во Европа.Се претпоставува дека леќата била првиот продукт кој почнал да се одгледува. Пред 8.000 години пронајдена е на археолошките наоѓалишта на Блискиот Исток а пронајдена е во гробниците на ефипетските фараони.Ја одгледувале старите Грци и Римјани а се споменува и во Библијата.

Со векови леќата се консумирала со јачмен и пченица. Леќата е одличен извор на диетални влакна и спаѓа во групата со другите мешунки, месото, рибата, јајцата, и со јаткастите плодови кои се препорачуваат да се консумираат по 2-3 порции дневно. Претставува извор на протеини и диетални влакна ( 100 грама леќа обезбедува 48 отсто протеини и 46 отрсто диетални влакна од препорачаните дневни потреби).

Леќата го подобрува варењето бидејќи не содржи заситени маснотии, ниту штетен холестерол а е извонреден извор на растителни влакна. Со тоа го подобрува варењето на храната и на тој начин го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

- Реклама -