Пушењето ги топи мускулите а не масното ткиво

Раширено е мислењето дека пушењето го намалува апетитот и дека помага во намалувањето на телесната тежина, но австралиските научници утврдиле дека не доаѓа до намалување на масните наслаги туку до загуба на мускулното ткиво.

-Лицето ќе изгледа послабо и вагата ќе покажува помалку килограми но таквиот начин на губење телесна маса е штетен за здравствената состојба на човекот. Повеќето од масните наслаги од кои сме сакале да се ослободиме се задржуваат и продолжуваат да се таложат особено околу срцетона пушачот белите дробови и црниот дроб-објаснува фармакологот Маргарет Морис.

Истражувањето е спроведено на група лабараториски глувци кое траело 7 недели. Половина од глувците биле изложени на чад од цигари,еквивалент на 4 испушени цигари во текот на 6 недели, а остатокот глувци биле сместени во кафези кои не биле изложени на чад од цигари. По 7 недели утврдено е дека глувците кои биле изложени на чадот од цигарите изгубиле околку четвртина од својата телесна маса, но количеството масно ткиво останало еднакво какво што имале пред изложувањето на чадот од цигарите.

- Реклама -