Грејпфрут штити од хепатитис Ц

Состојка која природно ја има во грејпфрутот и во другите цитрусни овошја, според новото истражување штити од вирусите предизвикувачи на хепатитис Ц. Откриено е дека тоа е флавоноид нарингенин кој спореде авторите на истражувањето, го блокира излачувањето вируси на хепатитис Ц од заразените клетки.

Хепатитис Ц е причинител на хронична вирусна болест на црниот дроб. Вообичаени симптоми на болеста се: жолтица, замор, стомачни болки, намален апетит и мачнина.
Оваа болест се пренесува преку крв.

- Реклама -