10 неверојатни факти за Сонцето

Сонце Сонцето е онаа голема жолта топка што секојдневно ни поминува по небото. И покрај фактот што неизмерно се грижиме за UV факторот, сите го земаме здраво за готово фактот што токму таа топка ни ја дава привилегијата наречена живот. Еве 10 интересни факти за Сонцето.


Сонцето е онаа голема жолта топка што секојдневно ни поминува по небото. И покрај фактот што неизмерно се грижиме за UV факторот, сите го земаме здраво за готово фактот што токму таа топка ни ја дава привилегијата наречена живот. Еве 10 интересни факти за Сонцето:

Сонце1. Сонцето има структура. Тоа не е само голема топка што гори. Површината се вика фотосфера, веднаш под неа е конективната зона во која топлината се крева кон надворешните слоеви, а изладените материјали паѓаат навнатре (зафаќа околу 70% од целата маса). Подолу лежи радиативната зона од каде што се зрачи толината, а во центарот е јадрото каде што температурата е околу 15 милиони степени целзиусови.

2. Сонцето зафаќа околу 99,8% од масата на целиот сончев систем.
Неговата маса е за 300 илјади пати поголема од таа на Земјата.

3. Сонцето е оддалечено од Земјата 150 милиони километри.
Неговата светлина стигнува до нас за околу 8 минути. Ако тоа инстантно престане да сјае, ние нема да забележиме во следните 8 минути.

4. Сонцето е неверојатно широко. Има дијаметар од околу 1,4 милиони километри. Земјата има 13 илјади километри. Ќе бидат потребни околу 100 Земји за да се пополни дијаметарот на Сонцето.

5. Сонцето е старо околу 4,5 милијарди години. Се очекува да сјае уште 5 милијарди години.

6. Како што старее, Сонцето станува пожешко и поголемо. За неколку милијарди години, прво ќе го изгори целиот жив свет на нашава планета, а потоа, пред да умре, ќе ја проголта Земјата.

7. Сонцето е џуџеста ѕвезда.
Постојат ѕвезди (меѓу многуте милијарди) кои се стотици, па дури и илјадници пати поголеми од нашата ѕвезда.

8. Сонцето не е цврсто тело, како што многумина мислат. Тоа има различни региони кои ротираат со различни брзини. Екваторот ротира за 27 дена, а половите за околу 30.

9. Сонцето (заедно со целиот свој систем) се наоѓа на периферијата од нашата галаксија – Млечниот Пат. Сонцето орбитира на околу 26 илјади светлосни години од центарот на галаксијата.

10. Сонцето завртува околу нашата  галаксија еднаш на секои 225-250 милиони години. Овој период е познат како галактичка година.

- Реклама -