Зошто не треба да барате лед во вашиот пијалок?!

Ледот во 60% од рестораните содржи повеќе бактерии отколку водата во нивните тоалети.

Научниците го провериле ледот во рестораните за брза храна како што се „Burger King“, „McDonalds“ и „KFC“, а како причина за оваа необична статистика го наведуваат почестото чистење на тоалетите одошто машините за лед.

Ниту еден од пронајдените примероци не претставувал директна закана за здравјето на луѓето, но толкава количина на микроби во рестораните може да се смета за „хигиенски ризик“, наведува државната лабораторија во Велика Британија каде биле направени тестовите.

2ff6b_550px-Make-a-Brandy-Mint-Float-Cocktail-Step-1

Во некои од рестораните за брза храна, нивото на бактерии било десет пати поголемо од она кое научниците очекувале да го пронајдат во питката вода.

Резултатите навеле некои од компаниите да ги преиспитаат своите процедури за чистење додека два ланци за брза храна ги оспориле овие резултати.

- Реклама -