Старец од Јапонија создава уметност користејќи Excel!

Microsoft Excel може да се користи и за креирање уметност. Не ми верувате, нели? Епа или верувајте или најдете го 73 годишниот Јапонец Татсуо Хориучи и прашајте го него, тој ќе ви каже.

Шегата настрана, пензионираниот Татсуо изјави дека никогаш не го користел Excel на своето работно место и токму затоа што секојдневно гледал како луѓето цртале табели и графикони дошол до идеја да проба да го искористи Excel и за создавање уметност. Тој самиот смета дека оваа програма е далеку подобра и од добро познатиот Paint, бидејќи му е поедноставна за користење и има повеќе опции.

ku-xlarge2

Пред да се пензионира отишол да си купи компјутер и започнал да го користи Excel. Во последните 10 години се етаблирал како неверојатно успешен дигитален артист и досега ги покажал своите дела низ повеќе изложби.

ku-xlarge.4png ku-xlarge ku-xlarge5

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk.

- Реклама -