Наскоро започнува првиот гастрономски спектакл во Скопје

На 6 мај ќе почне првиот гастрономски спектакл во Скопје, на кој посетителите ќе може да вкусат разни специјалитети од менијата по атрактивна цена од 333 денари. Настанот ќе трае до 12 мај, а дел од него се околу 50 угостителски објекти. 

Манифестацијата Недела на ресторани е замислена како настан на кој граѓаните и посетителите на Скопје ќе може да уживаат во најдобрите специјалитети приготвени од локални гостилници, па сѐ до врвни ресторани. Нема да се одржува на едно место, туку на повеќе различни локации и угостителски објекти.

Целта е со ниските цени од менијата да се привлечат што поголем број посетители кои ќе ја демонстрираат автентичноста на секој ресторан и стилот на готвење. Повеќе информации на www.nedelanarestorani.mk.

Kонцептот на овој настан е по примерот на светските метрополи како Белград, Загреб, Њујорк, Лондон и Токио.

- Реклама -