ExitReality – 3D виртуелен веб пребарувач

Повеќе... Дали кликањето на веб страните му припаѓа на минатото? Со ExitReality – првиот 3D виртуелен веб пребарувач вие буквално ќе можете да се шетате по веб страниците. Си избирате сопствен виртуелен свет, аватар и се по ваша мерка и вкус и како во останатите светови на виртуелна реалност можете да бидете во интеракција со другите сурфери.

Дали кликањето на веб страните му припаѓа на минатото? Со ExitReality – првиот 3D виртуелен веб пребарувач вие буквално ќе можете да се шетате по веб страниците. Си избирате сопствен виртуелен свет, аватар и се по ваша мерка и вкус и како во останатите светови на виртуелна реалност можете да бидете во интеракција со другите сурфери.

{youtube}cHIgpljZcPk{/youtube}
 
 ExitReality пребарувачот е креиран од  Danny Stefanic и според него може да се имплементира во  FireFox и во Internet Explorer. Со него веб страниците би биле комплетно интерактивни 3D средини, YouTube би изгледал како кино сала, а социјалните сајтови како виртуелни клупчиња. Како и секој софтвер и ExitReality треба уште да се „полира“ од аспект на безбедноста и приватноста на интернет, во меѓувреме достапен е за даунлоадирање (само за Windows) тука.
- Реклама -