Убавината на окото

убавината на окотоИако на прв поглед овие слики изгледаат како некој чуден марсовски пејсаж, тие се всушност фотографии на кои јасно се гледа ирисот на човечко око. Дури и гледано одблиску човечкото око има некоја уникатна убавина.

убавината на окотоСурен Манвелиан, учител по физика, ги создал овие портрети на очи користејќи ги своите пријатели, колеги и ученици како модели. Овие неверојатно детални фотографии овозможуваат микроскопски поглед на структурата на човечкото око и за првпат ни покажува колку е комплицирано.
убавината на окотоТриесет и четири годишниот Манвелиан од Јереван, Ерменија, објаснува: „Ова е нормално кога правите макрофотографии од инсекти и растенија, но фотографија од око? Не очекував ваков резултат. Не бев свесен дека очите имаат толку комплициран изглед. Секој ден гледаме стотици очи но не ни помислуваме дека тие можат да имаат толку убава структура, како површината на непозната планета.“
убавината на окотоСеријата „Вашите прекрасни очи“ на господин Манвелиан се фокусира на ирисот кој одредува колку светлина влегува во окото, и зеницата чија големина е одредена од мускулите на ирисот. Сурен Манвелиан, кој започнал да експериментира со фотографија на 16 години не сака да ја сподели својата техника: „Процесот за правење на вакви фотографии е моја тајна.“
убавината на окото

- Реклама -