Совети за најдобра фотографија

 ОК… Летото се наближува а сите ние имаме фотоапарати. Дури и дигиталните веќе се достапни за секого. Прашањето е дали знаете да ги користите? Дали можете да добиете подобри фотографии од вашиот фотоапарат? Дали знаете како да добиете перфектна боја? Или позадина? Или сцена? Овој мега-напис ќе им помогне дури и на најискусните.

 

Дали сакате да бидете подобар фотограф? Се што треба е малку знаење и искуство. Прочитајте го целиов овој напис и верувајте дека следната фотографија ќе Ви биде далеку подобра.
 

 

1.      Гледајте го субјектот во очите

Директен контакт со очите на субјектот е моќна работа како во реалниот живот така и на фотографија. Кога фотографирате некого, држете ја камерата во висина на очите на субјектот како би го доловиле оној специфичен сјај. За фотографирање на деца, тоа би значело држење на камерата во нивна висина. Вашиот субјект не треба секогаш да зјапа во камерата. Научете да го контролирате оној магичен агол и самата фотографија ќе го има “тоа“. Ќе ве повлече во неа.

 

Превисоко  Подобро

 

2.      Користете едноставна позадина
Едноставна позадина го потенцира субјектот кој го фотографирате. Кога гледате низ објективот на камерата, навикнете се да ја простудирате околината околу субјектот. Многу детали? Многу бои? Помрднете го субјектот. Внимавајте да не расне некое дрво од главата на Вашата омилена внука или ќерка или пак од нејзините уши да излегува хаубата на некое возило.

  
 Лошо одбрана позадина  Многу подобро

Klikni ovde za da ja povtorish lekcijata! НАУЧЕТЕ ЈА ОВАА ЛЕКЦИЈА УШТЕ ПОДОБРО! ЗА ВАС ПРИМПРЕМИВМЕ ВИРТУЕЛЕН
ФОТОАПАРАТ СО КОЈ ШТО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ФОТОГРАФИРАТЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ!
КЛИКНЕТЕ НА КАМЕРАТА ОД ЛЕВО ЗА ДА ФОТОГРАФИРАТЕ И ДА НАУЧИТЕ!  (flash, 800 kb)

 

3.      Користете блиц надвор

Јакото сонце може да предизвика непожелни длабоки сенки во пределот на лицето. Елиминирајте ги овие сенки со тоа што ќе користите блиц. Кога фотографирате луѓе во сончеви денови, вклучете го блицот (да, знаеме дека ви е чудно, ама навистина функционира). Имате избор од fill-flash или full-flash (проверете на вашата камера; некои камери ги имаат и двата мода). Ако субјектот е оддалечен до 1.5 метри, користете го fill-flash модот; подалеку од 1.5 метар користете го full-flash. На дигиталните камери, користете го екранот за да ги прегледате резултатите. Во облачни денови, користете го fill-flash модот. Блицот ќе ги осветли лицата на луѓето и ќе ги истакне. Исто така, пробајте и без блиц, затоа што понекогаш, благото светло на облачен ден дава пријатни резултати само по себе.

 

  
 Темно  Добро



4.      Приближете се

Ако вашиот субјект е помал од, да речеме просечно возило, приближете се чекор или два пред да ја направите фотографијата или пред да зумирате. Никогаш не заборавајте – Вашата главна цел е да наполните фотографијата со субјектот што го фотографирате. Фотографирајте од многу блиску – ќе прикажете ситни детали како што се брчки или неправилности на лицето. Доближете се уште повеќе – фотографијата ќе стане матна. Значи, најдете ја оптималната вредност на вашата камера. Најблиску што можете да се приближите со просечна камера е околу еден метар.

  
 Добро  Подобро




5.      Помрднете се од средината

Средината, знаеме сите, е многу добра позиција за фотографот. Но, средината не е најдобрата позиција за субјектот. Додадете живот во вашата фотографија со тоа што ќе го помрднете субјектот малку на страна, а не во средина. Еден фотограф ни кажа една многу интересна финта – Замислете си поле за ИКС-НУЛА. Значи две хоризонтални и две вертикални линии. Сега замислете ги овие линии на вашиот екран од камерата (или пак во објективот ако камерата ви е постара). И за крај, едноставно поставете го субјектот на една од точките каде што линиите се сечат. Ќе треба да го заклучите фокусот ако имате камера со авто-фокус затоа што повеќето од камерите автоматски фокусираат се што се наоѓа во центарот.

   
 Досадно  Подобро

 

Klikni ovde za da ja povtorish lekcijata! НАУЧЕТЕ ЈА ОВАА ЛЕКЦИЈА УШТЕ ПОДОБРО! ЗА ВАС ПРИМПРЕМИВМЕ ВИРТУЕЛЕН
ФОТОАПАРАТ СО КОЈ ШТО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ФОТОГРАФИРАТЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ!
КЛИКНЕТЕ НА КАМЕРАТА ОД ЛЕВО ЗА ДА ФОТОГРАФИРАТЕ И ДА НАУЧИТЕ!  (flash, 800 kb)

 

Не заборавајте, овој напис продолжува на наредната страна.


6.      Заклучете го фокусот

Ако вашиот субјект не е во центарот на фотографијата, ќе морате да го заклучите фокусот за да добиете остра фотографија. Ако запомнивте од претходната лекција, повеќето од камерите автоматски фокусираат се што се наоѓа во центарот. Но исто така научивме и дека за поинтересни фотографии, субјектот ќе треба да го помрднеме од центарот. Ако не сакате матни фотографии, најпрвин ќе морате да го фокусирате субјектот во центарот, а потоа да ја рекомпонирате целата сцена каде што субјектот нема да се наоѓа во средината. Обично, фокусот се заклучува во неколку едноставни чекори. Прво, центрирајте го субјектот и задржете го копчето за фотографирање до половина (можеби нема да ви успее од прва, но обидете се повеќе пати. Значи, истото копче што го користите за фотографирање се користи и за фокусирање). Второ, репозиционирајте ја камерата (копчето сеуште го држиме притиснато до половина), и наместете го субјектот да не се наоѓа во средина. И трето, притиснете го копчето до крај за да ја направите фотографијата.

  
Субјектот не е во фокус   Добро

 

Klikni ovde za da ja povtorish lekcijata! НАУЧЕТЕ ЈА ОВАА ЛЕКЦИЈА УШТЕ ПОДОБРО! ЗА ВАС ПРИМПРЕМИВМЕ ВИРТУЕЛЕН
ФОТОАПАРАТ СО КОЈ ШТО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ФОТОГРАФИРАТЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ!
КЛИКНЕТЕ НА КАМЕРАТА ОД ЛЕВО ЗА ДА ФОТОГРАФИРАТЕ И ДА НАУЧИТЕ!  (flash, 800 kb)




7.      Знајте го досегот на Вашиот блиц

Најчеста грешка што ја прават сите кога е во прашање користењето на блицот е – фотографирање подалеку од досегот на блицот. Зошто ова е грешка? Затоа што фотографиите добиени на овој начин се темни. За многу камери, максималниот досег на блицот е помалку од 5 метри. Кој е досегот на блицот на вашата камера? Проверете во упатството. Неможете да го пронајдете? Тогаш експериментирајте, но внимавајте – досегот е највеќе 5 метри. Корисниците на камерите кои користат филм со користење на поскапи филмови (Kodak Max versatility на пример)

Без блиц   Со блиц


8.      Внимавајте на светлината

По субјектот, втора најважна работа на секоја слика е светлината. Светлината влијае буквално на се што фотографирате. На една бабичка, светлината може да ги потенцира брчките. Но блага светлина на облачен ден, може истите тие брчки да ги направи попријатни. Не ви се допаѓа светлината на вашиот субјект? Тогаш помрднете се вие или помрднете го субјектот. За пејзажи, пробајте да фотографирате рано или доцна во денот, кога светлината има малку портокалова боја.

   
 Добро  Исто добро

Klikni ovde za da ja povtorish lekcijata! НАУЧЕТЕ ЈА ОВАА ЛЕКЦИЈА УШТЕ ПОДОБРО! ЗА ВАС ПРИМПРЕМИВМЕ ВИРТУЕЛЕН
ФОТОАПАРАТ СО КОЈ ШТО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ФОТОГРАФИРАТЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ!
КЛИКНЕТЕ НА КАМЕРАТА ОД ЛЕВО ЗА ДА ФОТОГРАФИРАТЕ И ДА НАУЧИТЕ!  (flash, 800 kb)

9.      Вертикални фотографии

Дали знаете кога треба да направите вертикална фотографија? Тешко е да се објасни, затоа ви даваме пример со фотографии. Многу работи изгледаат подобро фотографирани вертикално. Од куќата на брдото и Ајфеловата кула до вашето дете како скока на трамболина. Следниот пат, свртете ја камерата вертикално. Можеби ќе направите подобра фотографија.

  
 Добро  Подобро


10.      Бидете режисер на фотографијата

Имајте контрола над вашето фотографирање и веднаш ќе забележите како вашите фотографии драстично ќе станат подобори. Бидете режисер на вашите фотографии а не само пасивен фотограф. Режисерот ги држи сите работи под контрола. Режисерот ја одбира локацијата. Режисерот може да ви каже дали да ги носите очилата или не. Дали да ја облечете јакната. Режисерот ви кажува каде да бидете поставени. Повеќето од фотографиите не бараат вакво залагање, но ја сваќате идејата. Држете ги вашите фотографии под контрола а резултатите сами ќе дојдат.

 
 Досадно  Подобро

 

Се надеваме дека овие совети ќе ве направат подобар фотограф.  Ако имате некоја фотографија, слободно испратете ни ја на editor@365.com.mk. Ќе се обидеме да ја објавиме во некоја од наредните лекции.

Поздрав,

365.com.mk – Интелигентен портал 

- Реклама -