WiMAX флексибилен интернет пристап и во Македонија!

wimaxЗамислете како би било да користите интернет пристап на која било локација и тоа со едноставно приклучување на USB флеш уред. Да, и тоа е можно! Го  приклучувате уредот и препуштате оперативниот систем автоматски да си ја заврши работата. Уредот е всушност модем кој доаѓа во мало пакување како USB и преку WiMAX протоколот дозволува целосен преносен интернет пристап.

Поддржани оперативни системи се Microsoft Windows XP, Vista и 7. Познат и како 4G (четврта генерација), овој протокол овозможува безжично интернет поврзување преку базни станици, што значи дека можете да фатите сигнал на било која локација.

Откако ќе заврши со инсталација, уредот сам ќе се поврзе на мрежата со помош на софтверот, на кој ќе може да пристапите во лентата на активни процеси (таскбар).
wimaxИмплементацијата на целиот WiMAX систем чини далеку помалку од инсталирање на фибер-оптичка мрежа заради тоа што нуди лесен on the fly интернет пристап, па затоа 4G технологијата се смета за иднина на секоја напредна земја.
wimaxwimaxНашиот хостинг провајдер „Неотел“ нуди WiMAX покриеност низ скоро цела Македонија, и тоа со три пакети за приватните корисници: White, Blue & Orange.
wimaxПоврзувањето преку пакетот Orange го тестиравме на неколку места во Скопје. Можеме да кажеме дека ветените брзини и стабилноста се реалност. Ако ви треба преносно поврзување или веќе го користите овој флексибилен интернет пристап, пробајте ги услугите на „Неотел“ или оставете коментар подолу со вашите искуства, прашања и сугестии.
wimaxwimax speedtest

- Реклама -