Зошто Англичаните се слаби во фудбал?

АнглијаАко некогаш сте се запрашале зошто Англија, домаќин на една од најсилните фудбалски лиги во светот е толку слаба на меѓународните натпреварувања, тогаш не сте сами. Според статистиката на интернет пребарувачот Ask Jeeves, ова е прашањето чиј одговор најмногу ги интересирал Британците во изминативе 12 месеци.

Од 360000 директни прашања поставени на сајтот секој ден, оваа година голем број биле за Светското Првенство, или поточно зошто Агнлија беа толку слаби. Меѓу другите чести прашања биле и „Дали X-Factor е наместен?“, „Што следно ќе скрати владата?“ и „Дали сите фудбалери мамат?“ Уште едно од најпопуларните прашања за 2010 е „Кој е Џастин Бибер?“ – прашање најверојатно поставено од збунети родители кои сè уште не знаат.

Најпоставувани прашања за 2010 според Ask Jeeves

1. Зошто Англија се толку слаби во фудбал?
2. Дали X-Factor е наместен?
3. Што следно ќе скрати владата?
4. Кој е Џастин Бибер?
5. Дали гласав за вистинската партија?
6. Дали сите фудбалери мамат?
7. Дали да купам iPad?
8. Што е Glee?
9. Зошто Колин не го остави Вејн?
10. Дали Big Brother повторно ќе се емитува?
11. Каде можам да купам микро прасе?
12. Како преживеуваат рударите во Чиле?
13. Каде е облакот од пепел?
14. Зошто жената ја стави мачката во кантата?
15. Каде можам да купам вувузела?

Претставникот на Ask Jeeves Надиа Кели изјавила: „Очигледно поради големиот број на прашања кои ги добиваме секој ден, не би можеле да ги анализираме сите, па затоа ги одбравме оние највпечатливите и најчесто поставувани од Британците. Голем дел од тие прашања се фокусираат на поп културата, познатите личности и работите кои влијаат на секојдневниот живот. Како нација со голема фудбалска култура, природно е Британците да се фокусираат на успехот на Светското Првенство, и однесувањето на англиските фудбалери во последнава година. [Ask Jeeves]

- Реклама -