Единбуршките пингвини станаа интернет хит

пингвиниВебкамера која пренесува снимки во живо од живеалиштето на пингвините во зоолошката градина во Единбург станува интернет хит. Овој проект се заканува да ја уништи продуктивноста во канцелариите во целиот свет.

Стотици илјади луѓе го посетуваат сајтот за да можат да уживаат во секојдневниот живот на овие карактеристични птици. Линковите до „Пингвин камерата“ од сајтот на зоолошката градина се прошириле преку сајтови како Твитер и Фејсбук и станале хит помеѓу оние кои го поминуваат целиот работен ден пред компјутер.

И не е тешко да се сфати фасцинацијата со овие птици, споредено со хаотичниот живот на луѓето, нивното секојдневие делува смирувачки. За жал, камерата поставена во нивното живеалиште нема можност да пренесува снимки во ноќните часови поради темнината. [Penguin Cam]

- Реклама -