Компјутерско куќиште во пијано

Многу луѓе имаат интересни и уникатни идеи за модифицирање на нивните компјутерски куќишта. И додека повеќето модификации се сведуваат на промена на изгледот на куќиштетот, и можеби мониторот, некои се малку поамбициозни. Како на пример ова старо пијано кое било претворено во неверојатна работна станица.

Оваа модификација е дизајн на Дејвид Скотерн, тој купил старо пијано купено од eBay, претворајќи го од музички инструмент во куќиште за неговиот компјутер и три монитори. Интересен елемент од дизајнот е што целата работна станица може да биде сокриена. Дизајнот е релативно комплициран, но за жал не постојат фотографии од процесот на изработка.
пијано компјутер Пијаното од кое е направена оваа работна станица било многу старо и, според Дејвид, било во многу полоша состојба од онаа на фотографиите. Покрај тоа што било целосно раштимано, пијаното било полно со термити. По неколку месечно планирање тој решил целосно да го реставрира и да го пренамени од музички инструмент во работна станица.
пијано компјутер Во овој случај изгледот дефинитивно може да ве измами, она што на прв поглед е пијано, всушност е куќиште во кое се сместени, Core i7 процесор, 6GB RAM, 1TB SATA Хард Диск и дополнителна графичка карта за двата 20 инчни монитори. Главниот монитор е 24 инчен.

- Реклама -