Tengu:Ваш USB пријател

tengu_introАко целото свое слободно време го поминувате сурфајќи на интернет, а во исто време сте закоравен зависник од технолошките изуми, тогаш Tengu е идеалното решение за Вас. Станува збор за симпатичен гаџет кој генерира различни изрази во зависност од звуците кои доаѓаат од вашиот компјутер.

Ако целото свое слободно време го поминувате сурфајќи на интернет, а во исто време сте закоравен зависник од технолошките изуми, тогаш Tengu е идеалното решение за Вас. Станува збор за симпатичен гаџет кој генерира различни изрази во зависност од звуците кои доаѓаат од вашиот компјутер. 

tengu-main

За да го стартувате едноставно дувнете на дисплејот а потоа пуштете ја вашата омилена песна или изговорете неколку збора на микрофонот. Tengu ќе повторува по вас, а паралелно со јачината на музиката ќе генерира и различни изрази. Доколку сакате да го смените неговиот израз само дувнете повторно и добивате нова насмевка.

p2063ex2

Со можност од 14 изрази и бизарно пријателски изглед, Tengu ќе ги разведри сите осамени моменти поминати пред вашиот компјутер. Се поврзува со помош на usb кабел, без употреба на посебен софтвер и е компатибилен со Windows, Linux и MAC. 

- Реклама -