Убаво дизајнирани позадини за вашиот десктоп

desktoptopiaДоколку сакате убаво дизајнирани и квалитетни позадини за вашиот десктоп Desktoptopia е навистина одлично место за тоа. Во почетокот креирана за Mac оваа апликација сега е достапна и како PC верзија – бесплатно. Предноста е што не мора да трошите време за да изберите позадина бидејќи постои опција таа автоматски да се менува во временски период кој сами го одбирате. Desktoptopia нуди повеќе категории позадини (апстрактни, филм, фотографија…) од кои можете да одберете. Треба само да ја инсталирате апликацијата и вашиот десктоп ќе има секогаш нова и убава позадина.

- Реклама -