Конечно решение за погон на возила

ториумЦената на нафтата постојано расте поради зголемената побарувачка и смалувањето на залихите. Ако не бидат најдени нови резерви, потребна ни е нова алтернатива што е можно поскоро. Освен оние кои имаат многу пари за да купат електрично возило, секој возач на автомобил денес зависи од нафта за горивото на кое работи моторот.

Иако замената на бензинскиот мотор со батерии и електричен мотор е навидум целта кон која се движиме, тоа само го пренесува проблемот на електраните наместо на бензинските пумпи. Но, можеби постои друг начин за погон на нашите автомобили, начин кој значи дека никогаш повторно нема да морате го полните вашето идно возило со гориво или електрицитет.

Чарлс Стивенс е пронаоѓач и претседател на Laser Power Systems. Неговата идеја е да се заменат сегашните мотори со генератор на кој не му е потребна батерија. Тој предлага користење на минералот ториум во соработка со ласер и мини турбини кои лесно произведуваат доволно електрицитет за возилото. Ториумот е лесно достапен и радиоактивен, но многу побезбеден за употреба од елемент како ураниум.

Кога ториумот е загреан тој станува екстремно жежок и предизвикува излив на топлина кој овозможува поврзување со мини турбини кои произведуваат пареа која може да биде употребена за генерирање електрицитет. Исто така помага и фактот што има долг течен период помеѓу точката на топење и точката на вриење. Поврзувањето на ласер, радиоактивен материјал и мини турбини можеби звучи како комплицирана алтернатива за полнење на резервоар за гориво, но има една одлика која го прави одлично алтернативно решение.

Стивенс пресметал дека мотор со ториум кој тежи 227 килограми и создава 250MW ќе биде доволен за погон на типичен автомобил. Со овој систем 1 грам ториум создава еквивалент на 28.390,5 литри бензин. Ова значи дека ваков мотор опремен со 8 грама од минералот ќе биде доволен за погон на возилото во целиот негов животен век без потреба за надополнување на горив и без создавање на несакани гасови. Всушност моторот трае толку долго што може да биде префрлен од едно возило во друго кога возилата ќе бидат дотраени.

Она што треба да биде надминато се радиоактивноста и добивање на ториум за овој мотор да биде возможен. Стивенс вели дека проблемот со радиоактивноста може лесно да биде решен со алуминумска фолија. Што се однесува до добивањето на ториумот, постојат големи резерви, 440.000 тони само во САД, потребна е само изградба на рудници за добивање на доволно големи количини. Со оглед на потенцијалните придобивки ова сигурно ќе се случи.

Стивенс признава дека најголемата пречка не е ториумот и ласерите, туку мини турбините кои би морале да бидат доволно мали за да ги собере во возило а сепак да генерираат доволно електрична енергија. И покрај ова Стивенс верува дека ќе има готов прототип до 2014 година и потенција не само да ги замени, туку и да ги надмине моторите на внатрешно согорување од кои зависиме денес. [8 grams of thorium could replace gasoline in cars]

- Реклама -