Апарат за откривање дрога

апарат за деткција на дрогаБританските научници развиле евтин биоуред кој врши брзо тестирање на користење на марихуана и кокаин, наменет главно за утврдување од страна на родителите дали нивните деца користат дрога. Тестирањето е едноставно, а се користи единствено капка од плунка.

апарат за откривање дрогаБританските научници развиле евтин биоуред кој врши брзо тестирање на користење на марихуана и кокаин, наменет главно за утврдување од страна на родителите дали нивните деца користат дрога. Тестирањето е едноставно, а се користи единствено капка од плунка.

Рачниот уред кој наликува на тестерите за утврдување на бременост ќе чини 1,7 евра, а ќе се појави на пазарот најдоцна за една до две години. Прецизните резултати се добиваат за помалку од 5 минути и е само за една употреба.

Сензорот “Vantix”, дизајниран е, пред сe, за родителите кои се сомневаат дека нивните деца консумираат дрога и ги ослободува од досегашниот комплициран начин на утврдување со праќање на примероци од плунка и коса во посебни лаборатории наменети за оваа цел.

Сензорот работи со помошта на 5mm широк чип, прицврстен на парче пластика. На површината на чипот се наоѓаат антитела кои реагираат на одредени хемикалии кои се наоѓаат во дрогата, како што се THC молекулите кои се наоѓаат во марихуаната. Кога антителата на чипот ќе дојдат во допир со таргет хемикалијата, протекува слаба струја низ чипот која предизвикува да засветли предупредувачката светилка.

Истиов овој чип може да го користи полицијата за утврдување дали пребрзото возење е резултат на дрога или дали предизвикувачите на нереди се корисници на опијати. Со одредени доработки, уредот може да се користи и за откривање на разни употребени експлозиви во криминалистиката.

Бидејќи чипот може да реагира на разни хемикалии, може да се користи и за откривање земен лек за пациенти во кома со едноставно тестирање на нивната плунка.

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -