Концепт за ласерски пешачки премин

ПешачкиКорејскиот иноватор, Ханјонг Ли, направи концепт за нов пешачки премин кој наместо со конвенционална сигнализација, ќе биде означен со ласерски проекции од луѓето кои ја минуваат улицата.

Корејскиот иноватор, Ханјонг Ли, направи концепт за нов пешачки премин кој наместо со конвенционална сигнализација, ќе биде означен со ласерски проекции од луѓето кои ја минуваат улицата.

Пешачки

Целта на овој систем е да ги направи пешаците позабележливи за возачите и да ја прекине праксата на поминување преку пешачките премини без обрнување внимание на тоа дали некој поминува по нив.

Пешачки

Но, од друга страна, не знаеме колку е умно да се попречува видното поле на возачите со силни црвени светла, особено ласери. Дополнително, ако го земеме предвид бројот на крстосници и пешачки премини во еден просечен град, тогаш станува јасно колку просторот ќе биде оптоварен со визуелни информации. Некои градови ќе се претворат во едно големо црвенило… Токму затоа, мора да се заклучи дека некои концепти е најдобро да си останат концепти и никогаш да не се соочат со реалноста.

- Реклама -